До кога без јавен градски превоз во недела и за време на празници?

0
1248

Граѓаните на Битола се повеќе го користат јавниот превоз. Барем од она што го забележа нашата камера редици чекаа за влез во автобус. Го користат поради тоа што им е најисплатливо, но реагираат на тоа што нема автобус за време на викенди. Поточно редовна линија имала само петката а кога им бил најпотребен како за време на празници, задушници, или пак во недела немале превоз до гробиштата на Св.Недала

– Кога треба да одиме до Св.Недела на гробишта нема превоз, чекаме на постојките многу време, вели граѓанин

– Треба да има јавен градски превоз за викенди посебно ни се потребни во Битола, за на гробишта, вели граѓанин

Општината работела на овој проблем, во моментов требало да се разговара со сообраќајните инспектори, но проблем бил ДУП рече градоначалникот

-Треба да се разговара со сообраќаен инспекторат, таму има проблем во делот на патната инфраструктура. Ние сакаме да направиме еднонасочен сообраќај кој ќе ги носи луѓето посебно во најфрекфрентните денови, но имаме проблем со ДУП. Таму има земјиште кое што не е државно и кое што во моментов не сме во можност да го прифатиме и да направиме експропријација за да можеме еден од патиштата да го пробиеме за да направиме еден голем кружен тек , луѓето да доаѓаат со градски сообраќај со автомобили во еден правец, а да можат да излегуваат од друг. За жал тоа не е возможно . Ги повикавме на соработка архитектите, сообраќајните инжинери , и доколку најдат решение општината тоа да го реши, изјави д-р Владимир Талевски градоначалник на Битола

Уште минатата година градоначалникот при поставувањето на новите автобуски стојалишта рече дека ќе се наоѓа возен ред и телефонски број на кој граѓаните ќе можат да се јават доколку забележат одредена неправилност во возниот ред и да го пријават во општина Битола.