До кога без јавен превоз за време на празник и недела ?

0
1510

Граѓаните на Битола се повеќе го користат јавниот превоз. Барем од она што утрово го забележа нашата камера редици чекаа за влез во автобус. Го користат поради тоа што им е најефтин . Оние кои што ги анкетиравме велат дека користат јавен превоз во зависност од потребите

avtobus

-Многу често го користам градскиот превоз, најисплатливо е и задоволен сум од услугата, вели граѓанин
Но од друга страна се жалат што нема автобуски превоз во недела и за време на празници. Поточно редовна линија имала само петката а немале превоз за брусничка населба и за Горно Оризари

grdaski

-Нема во недела и за време на празник со што да одиме на пример до светонеделските гробишта, тоа ми претставува голем проблем. Во недела само петката вози , вели граѓанин
На неодамнешната прес конференција на градоначалникот при поставувањето на новите автобуски стојалишта рече дека ќе се наоѓа возен ред и телефонски број на кој граѓаните ќе можат да се јават доколку забележат одредена неправилност во возниот ред и да го пријават во општина Битола

Останува да се надеваме дека за време на двата празници кои следуваат во месец окттомври и во недела ќе се реши проблемот со јавниот градски превоз .