До крајот на денот, нестабилно време со пороен дожд, грмежи, ветер

0
475

И во вечерните и ниоќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,Локално врнежите ќе бидат пообилни над 30 л/м2, а не е исклучена можноста на места да има и појава на невреме со електрични празнења и засилен ветер. И во Скопската котлина во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

И во среда времето ќе биде променливоо облачно и свежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.