До крајот на векот Македонија ќе има само 1,4 милиони жители

0
373

Според извештајот на Обединетите нации за перспективите на светската популација во кој се обработуваат податоците за населението во земјите во светот, до крајот на овој век Македонија ќе има половина милион жители помалку од сега. Македонија е на 29. место во групата од 43 земји, кои се соочуваат со проблемот на депопулација. До 2050 година бројот на населението во Македонија во апсолутен износ ќе биде помал за 141 илјада жители, или за 6,8 отсто помалку од оваа година. Како што стои во извештајот, Македонија во 1950 година имала 1,2 милиони жители, во 2015 година се проценува дека имала 2.078.000, колку што ќе останат и во 2030 година. Во 2050 година ќе има 1,9 милиони жители, а на крајот на векот само 1,4 милиони.