До лесен чекор со моделите во Адамс Шуз

0
935

Во Адамс шуз, пристигнаа најновите колекции на обувки за оваа сезона.

Оваа година, модните трендови ја нагласуваат потребата за удобност и предложуваат обувки кои можат да се искористат на најразлични начини за време на сезоната. Сигурно поголемиот дел од вас за време на летото ќе се посветат на забавни активности, како и посета на плажа и други возбудливи дестинации, па токму затоа удобните чевли ќе ви бидат од голема корист.
Папучите се голем хит сезонава, но тука се и балетанките, вашите најдобри пријатели доколку барате нешто флексибилно и удобно. Секогаш барајте нешто што одговара на вашиот стил и обидете се да одберете квалитетен модел,  рамни сандали кои можете да ги носите во било кое време и на било кое место. Тие исто така многу лесно се комбинираат со сите видови летна облека. Вие можете да изберете римјанки, рамни гладијатор сандали или класични сандали, кои ќе ви бидат од голема корист за време на топлите летни денови, тука се и еспадрилите  без кои летото е незамисливо.

Елегантните обувки никогаш не излегуваат од мода. Тука се оние со висока потпетица, оние до глужд, обувките со блага платформа .
Ретро изгледот на кломпи ова година се трансформираше во ултра модерни обувки кои без сомнение ќе бидат едни од најпосакуваните. Тука се оние со дрвена како и полна пета.

За најмладите во Адамс Шуз ќе пронајдете детски модели, а за мажите кои негуваат добар стил, тука се колекциите на класичните обувки, еспадрили и сл.

Обувките итекако го надополнуваат целосниот стајлинг, а најдобрите модели ги има само во Адамс Шуз.

Посетете ги, во центарот на Битола.