До министерството не стигнала иницијативата за предвремено пензионирање

0
1265

До Министерството за труд и социјална политика не била стигната никаква иницијатива во делот на измени и дополнувања на законот за пензиско и инвалидско осигурување, рече министерката за труд и социјала при вчерашната посета на Битола. Со иницијативата на организацијата на работодавачи се предлагаше измена на законот за пензионирање , во која што жените да може да се пензионираат на 59, а мажите на 61 година, а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците.

– Ако станува збор за она што јавно се дискутира во медиумите за иницијатива што подолго време ја промовира и изнесува организацијата на работодавачи на Р Македонија, меѓутоа ниту владата ниту министерстото не добила иницијатива по која што ќе се може да се пристапи на изменувањее и дополнување на законот . Претпоставувам дека повеќе иницијативата е ставена на јавна дебата, изјави Фросина Ташевска Ременски, министер за труд и социјална политика

Шпекулации се информациите дека министерството за труд и социјала ја отфрли иницијативата, тврди Ременски

-Ако министерството ја отфрлило иницијативата, прво треба да знаеме за тоа, бидејќи тоа министерство ги потпишува документите, додаде Ременски

Ангел Димитров претседателот на Здружението на работодавачи изјави дека предлогот жените да можат да се пензионираат на 59 години, а мажите на 61 година е стар и заглавен во преговорите со синдикатите.

-Ниту еден работник што зема висока плата нема да сака да оди во пензија предвреме, бидејќи работодавачот, секако нема да доволи тој да ја работи ризичната работа. Предлогот, иако деновиве се актуелизира во медиумите, не е повторно во фаза на преговори

При вчерашната посета на Битола министерката најави дека е започната постапка за реновирање на Дневниот центар за стари лица во населбата Буковски ливади во Битола.