До подобро здравје со балансиран начин на исхрана

0
879

„Храната вистински лек во 21 век“ е насловот на книгата на познатата нутриционистка Цвета Динева, која беше промовирана во Битола.

Целта на авторката е да им помогне на луѓето на едноставен начин да си обезбедат здравје и долг здрав и квалитетен живот.
Повеќе годишното искуство на авторот пренесено на едноставен начин го прави текстот лесен за читање и разбирање на пошироката читателска публика, убедувајќи да се верува во мислата ’Ние сме тоа што јадеме’.
Балансираниот начин на исхрана подразбира храна што ќе го снабди организмот со сите потребни хранливи материи, ќе му даде енергија, ќе го зголеми имунитетот и ќе придонесе за ослободување од сите штетни материи.

Според нутриционистот Цвете Динева од ЦД диет клуб, консумирањето различна храна во исто време, неправилното мешање на храната и на пијалаците предизвикуваат болести- Хаосот во организмот настанува кога се прејадуваме со храна од различно потекло, имаме дефицит на вода, свежо овошје и зеленчук.
За ова и многу повеќе во книгата на Динева.