До полноќ решение за дилемата околу изборите

0
630

Најавата дека ДУИ поднесува иницијатива за повлекување на одлуката за самораспуштање на парламентот ќе го остави Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сами со нивниот став изборите да се одржат на 24 април. На иницијативата за отповикување на одлуката се потпишаа 26 пратеници, сите од ДУИ и од ДПА, меѓу кои се и потписите на лидерите Али Ахмети и Мендух Тачи, по што Трајко Вељановски треба да ја закаже седница на Собранието, на која на дневен ред ќе ја стави оваа иницијатива.

За да биде повлечена одлуката за распуштање на Собранието, за неа треба да гласаат најмалку 62 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ заедно со партиските коалиционери имаат вкупно 60 пратеници, што ќе значи дека за да ја отфрлат иницијативата ќе им бидат потребни и гласовите на независните пратенички Роза Топузова Каревска, Љубица Буралиева и Солза Грчева.
Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз и Лилјана Поповска од ДОМ веќе се изјаснија дека одлуката треба да биде повлечена. Грчева и Топузова Каревска не сакаа да дадат дециден одговор како ќе гласаат за оваа иницијатива, но потсетуваат дека, тие го напуштиле гласањето на 18 јануари кога се носеше одлуката. Сепак иницијативата на ДУИ и ДПА да застанат на страната на опозицијата во суштина ја отвора дилемата дали ова ќе значи дека во парламентот е можно ново парламентарно мнозинство. Засега останува неизвесно како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму засега нема никаква реакција. Единствено Антонио Милошоски на својот фејсбук профил напиша – Овој ден, ноќта ќе биде попаметна од утрото!