До сега не е најдена правна основа за повлекување на помилувањето

0
418

Претседателот Иванов информира дека досега не е најдена правна основа за повлекување на одлуката за помилување. Консултациите со правните експерти за наоѓање правно решение се во тек. Иванов ги повикува лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино да се вклучат во овој процес и да понудат правно решение што ќе биде во согласност со Уставот и законите. Досега осуммина од помилуваните писмено се обратиле до него да ја повлече  аболицијата.