До септември 2016-та по стариот пат до Ресен

0
2164

Во септември минатата година повеќето од возачите се израдуваа бидејќи патот Битола-Ресен- Буково ќе биде темелно реконструиран. Но отогаш помина половина година и сеуште патот е затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен по стариот патен правец.
Ако пред половина година кога беше затворен патот над бензинската пумпа Лукоил имаше и градежна механизација која работеше на патниот правец, денеска нашата камера ја регистрира само поставената сообраќајна сигнализација за пренасочување на возилата. Дел од патот е во онаа почетна фаза од реконструкцијата, т.е само е изгребен веќе постоечкиот асфалт, а прашање е кога ќе биде ставен нов. Додека не се реконструира патот, сите оние кои со возила минуваат до Битола мора да возат по најстариот пат кој води до Ресен. Тој е тесен со кривини и сообраќајот многу бавно се одвива по него, велат дел од возачите кои што денеска успеавме да ги анкетираме

– Патот е катастрофа, цел со дупки, секој ден возам по овај пат два до три пати автомобилот цел го искршив, вели граѓанин кој патуваше за Ресен
– Најавуваа дека патот ќе биде асфалтирам многу порано, а сеуште не е завршен и возиме по катастрофален пат кој е многу тесен и цел со дупки, вели граѓанин

Вака беше најавено во септември минатата година

-Станува збор за отпочнување на подготвителни активности, односно отстранување на вегетацијата и проширување на одредени делници, и се надеваме дека за скоро ќе се случи негово асфалтирање, изјави д-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изјави дека овај патен правец ќе биде завршен во септември годинава

-Патот Битола- Ресен-Буково треба да заврши до септември годинава. Поради временските услови зимскиот период послабо се работеше, но сега поминав се работи на терен и до септември очекувам комплетно да биде рехабилитиран, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

Инвестицијата на регионалниот пат Битола-Ресен-Буково, според објавените статистики ќе чини 5 милиони евра.