До среда облачно и дождливо време

0
243

Облачно и топло со повремени дождови е прогнозата за наредните четири дена.

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со умерен северен ветер. Попладне ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Дневните тeмператури ќе достигнат од 17 до 27 Целзиусови степени.
Во понеделник ќе има пораст на дневните температури – од 22 до 29 степени, а прогнозата е променливо облачно со повремен дожд, попладне и со ретка појава на грмежи.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд е прогнозата за во вторник и дневни температури од 22 д 30 степени.
И во среда ќе имаме променливо облачно, со сончеви периоди и со локален дожд. Максималните дневни температури ќе бидат од 23 до 31 степен.