До утре ќе биде завршена теренската проверка

0
326

Нема никакво проблеми во однос на спроведувањето на теренската проверка на избирачкиот список, ангажирани се дополнителни анкетари и до 3 април ќе се заврши овој дел од прочистувањето на избирачкиот список, велат од Државната изборна комисија.

До 30 март завршена била проверката на 20.600 домаќинства, а вкупниот број на адреси што треба да се проверат е 89.383.

На барање Дирекцијата за заштита на личните податоци на интернет-страницата на ДИK веќе го нема списокот на гласачите што теренски се проверуваат.