Доаѓаат нови бегалци кон Гевгелија

0
264

Грчкиот траект „Елефтериос Венизелос“ утрово во Пиреја превезе 2.489 бегалци од Сирија, кои биле сместени во Лезбос. Тие во изминативе денови пристигнале во Грција со 14 бродови од Турција. Грчките медиуми известуваат дека пред два часа бегалците биле превезени од Пиреја на солунската железничка станица од каде ќе бидат пренесени до Поликастро, во близина на грчко-македонската граница. Грчките медиуми најавуваат дека и во следните денови со траекти од островите ќе бидат пренесени до Солун. Според најавите од нашиот јужен сосед, овој нов бран од околу 3.000 бегалци треба да пристигне најдоцна до вечерва во времениот прифатен камп во Гевгелија.