Добар закон или мртво слово на хартија

0
498

Административците не смеат да примат скапи подароци за 8 ми Март, не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа, не само за Меѓународниот ден на жената туку воопшто.
Според новиот закон за вработените во јавниот сектор – почнувајќи од 2015 година вработените во јавниот сектор нема да смеат да примаат подароци поскапи од 1.000 денари. А од една иста личност во текто на годината смеат да примат подароци чија вкупна вредност нема да надминува 3.000 денари.
Забраната важи и за сите даватели на јаввни услуги: вработените во здравството, културата, во полицијата, војската, царината, во градинките, социјала. Исто така, важи и за сите вработени во локалната власт и во јавните претпријатија.
Најтешко се чини ќе им биде на учителките кои редовно добиваат подароци од учениците за 8 март. Како и на лекарите кои се опсипани со подароци од секој задоволен пациент.
Давањето вакви подароци во Македонија е еден вид традиција и покажување благодарност. Граѓаните велат дека скапите подароци ќе треба да останат во училиштето. Школите и сите други буџетски институции ќе треба да водат посебна евиденција на сите примени подароци, нивната вредност, како и од кого е подарокот.

За администартивните службеници што нема да го пријават и да го остават скапиот подарок во институцијата во која работат казните ќе бидат од од 1 000 до 1.500 евра или намалување на платата и пониско работно место што ќе ја предвиди дисциплинската комисија.

Подароците примени од службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, ќе се сметаат за протоколарни подароци.