Добра власт не постои – сегашнава е неподнослива

0
409

Страшно е кога дел од граѓаните ќе почнат да ја величаат власта, тоа е најстрашно, затоа што добра власт не постои, нема таква. Има поднослива и неподнослива власт, а оваа е неподнослива, вели музичарот Златко Ориѓански во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Оној миг кога гледате луѓе од театар, а театарот беше место каде што ќе појде човек за да размени мислења со своите колеги, со глумци, со музичари, јас не се сеќавам дека некој зборувал позитивно за која било власт и сега одеднаш една групација луѓе од таму ја величаат власта затоа што некому му дале поголема плата. Прво треба да се биде свесен дека и работите што се градат и платата што ја добиваш се производ на твојот народ, на даноците што ги плаќа твојот народ, тие не ги дава владата“, вели Ориѓански.

Според него, Македонија всушност се наоѓа во канџите на она што се нарекува балканска мафија и затоа процесот на наше ослободување ќе биде многу тежок и многу сложен.

„Таа балканска мафија има една цел – Македонија да не функционира како нормална правна држава, туку да е нешто налик на држава, повеќе територија. Ми се чини дека тој процес започна брзо после атентатот на претседателот Киро Глигоров“, рече Ориѓански, при тоа додавајќи дека од тој момент Македонија почнала да застранува и идеолошки, и политички и економски. /крај/рсе