Доделена Нобеловата награда за мир

0
235

Комисијата во Осло годинава го додели најпрестижното признание на Тунискиот квартет за национален дијалог.

Нобеловата награда за мир за 2015та година е доделена на Тунискиот  национален  квартет за дијалог, за нивниот „непоколеблив придонес во изградба на плуралистичка демократија во Тунис во светлина на Јасминовата револуција во 2011та година”.

Комисијата за Нобелова награда во Осло, Норвешка, ја соопшти одлуката во петок, нагласувајќи дека наградата оди во раце на група од четири организации, а не само на една од нив, за придонесот во воспоставување на мирољубив политички процес, и напорите за демократизација откако востанијата на Арапската пролет донесоа политички атентати и немири. Нобеловата комисија посочи дека Квартетот помогнал за стабилизирање на земјата во време кога била на работ на граѓанска војна.

Тунискиот национален квартет е составен од Општиот трудов синдикат на Тунис, Туниската конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиство, Туниската лига за човекови  права  и Туниската комора на адвокати.