Доделени 18 социјални станови во Ресен

0
668

Осуманесет семејства од социјален ризик од општина Ресен  добија државни станови во зградата на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

На прелиминарната распределба присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на акционерското друштво за Изградба и стопансикување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

До Комисијата во Министерството за транспорт и врски, како што информира Мисајловски, стигнале 51 апликација од кои 31 се комплетни.