Доделени 200 дипломи за странски јазик на невработени лица

0
1703

По 4 месечна обука за странски јазик денеска 200 лица од Пелагонискиот регион добија сертификат. Оваа обука е дел од проектот на Агенцијата за вработување, насловен „Поддршка за вработување млади луѓе, долгорочно невработени и жени“ а е финансиран од Европската Унија Целна група беа невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Р.М како активни баратели на работа

 

-Интересот за обуката беше огромен во Пелагонсикиот регион . Аплицираа над 350 лица , им се одржа трениг обука и најдобрите 200 се стекнаа со дипломи. Најмногу имаше за англиски, германски и италијански. 90% од апликантите ја завршија обуката, изјави Јасминка Кочанковска, локален координатор на проектот

Ваквите обуки им даваат можност на невработените лица да ги зголемат своите вештини и компетенции за да бидат конкурентни на пазарот на труд

-Агенцијата за вработување неколку години вложува во процесот на модернизација, сите услуги се насочени кон невработените лица како заголемување на нивните вештини за да бидат поконкурентни на пазарот на труд, изјави Јешим Сејфуловска, раководител на Центарот за вработување во Битола

Јазичното студио Лингва беше тренинг провајдер за Пелагонискио регион т.е за Битола Прилеп, Демир Хисар и Ресен. Беа формирани 22 групи , и сме задоволни од исходот, изјави Маја Милевска Кулевска, Јазично студио Лингва-Битола

Во овај проект се застапени три компоннти, а денеска започнува третата , каде сите лица до 29 години и работодавачите ќе можат да аплицираат за практиканти.Вакви обуки се одржуваат во сите 30 центри за социјална работа во Р.Македонија