Доделени четвртоноемвриските награди во Битола

0
438

Со доделување на четвртоноемвриските награди на најзаслужните за 2016 година, се одржа свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Битола, која се одржа во Народниот театар.

На манифестацијата настапија и оперските уметници Игор и Ана Дурловски.

Наградите беа доделени според одлуката донесена на управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“.

Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело годинава е доделена на Милица Шперовиќ – Рибарски – пијанист, заради нејзиниот придонес во афирмацијата на Битола и уметноста и културата во Битола и Македонија, како и заради нејзината брилијантна заокружена, континуирана творечка целина во развојот на образованието, уметноста, културата во Битола и Република Македонија, како професор, уметник и организатор на Интернационалниот фестивал „Интерфест“ Битола кој оваа година слави јубилеј 25 години од неговото постоење.

Една е од најзначајните пијанисти со исклучително активна музичко-сценска дејност во текот на долгогодишната уметничка кариера повеќе од 55 години. Со своето делување таа претставува типичен пример на вљубеник во Битола. Во нејзино отсуство наградата ја подигна нејзиниот син.

Општинската награда „4 Ноември“ за 2016 година беше доделена на Здружението на пензионери – Битола, како најголема и најбројна невладина асоцијација од околу 17.000 членови. Истата има истакнато место во современото живеење на град Битола. Реализираните активности на здружението се високо ценети, вреднувани и докажани, на локално и на републичко ниво.

Здружението оваа година прославува 70 години од своето постоење.

Награда беше доделена и на Интерното одделение кое оваа година прославува 70 години активна работа, раст и развој, опишани во Монографијата „70 години интернистичка дејност во Битола“.

ЗК „Пелагонија“ – Битола како добитник и реализатор на инвестицијата – Најголема инвестиција во модерно земјоделско и сточарско стопанство во Република Македонија.

Наградите на добитниците им беа доделени од градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, кој честитајќи им го признанието, на наградените им посака уште многу нови резултати и уште поуспешна работа.

Без коментари

LEAVE A REPLY