Доделени четвртоноемвриските награди

0
785

На свеченост по повод ослободувањето на Битола, беа доделени четвртоноемвриски награди на најзаслужните. Наградите беа доделени според одлуката донесена на управниот одбор на Фондот  за наградата „4 Ноември“.

Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело годинава е доделена на Милица Шперовиќ – Рибарски – пијанист, заради нејзиниот придонес во афирмацијата на Битола и уметноста и културата во Битола и Македонија, како и заради нејзината брилијантна заокружена, континуирана творечка целина во развојот на образованието, уметноста, културата во Битола и Република Македонија, како професор, уметник и организатор на Интернационалниот фестивал „Интерфест“ Битола кој оваа година слави јубилеј 25 години од неговото постоење.

thumb_dsc_0305_1024

Една е од најзначајните пијанисти со исклучително активна музичко-сценска дејност во текот на долгогодишната уметничка кариера повеќе од 55 години. Со своето делување таа претставува типичен пример на вљубеник во Битола.

Наградата за животно дело и се доделува во вид на плакета  и паричен  износ од 60.000 денари.

Општинската награда „4 Ноември“ за 2016 година беше доделена на – Здружение на пензионери – Битола, Интерно одделение при Клиничка болница Битола, ЗК „Пелагонија“ – Битола.

Наградата за поединци и групи творци се доделува во вид на диплома и паричен износ од 15.000 ден.

thumb_dsc_0272_1024