Доделени дипломи на учесниците во школата Политеа

0
264

Школата за лидерство и јавни политики „Политеа”, ги додели дипломите на првата генерација ученици .Истата е во организација на Центарот за европски развој и интеграција во соработка со партнерите и група интелектуалци од регионот.

Освен предавањата, учесниците во првата школа за лидерство и јавни политики „Политеа” организираа и две хуманитарни акции.

Школата е наменета за млади луѓе од 18 до 26 години, а целта е да се даде можност за проширување на нивното неформално образование а со тоа се добиваат и поголеми можности во потрагата по работа.

Дел од оние кои ја посетуваа оваа школа , истакнаа дека истата претставувала прекрасно искуство за нив, запознале многу луѓе, имале интересни предавачи кои им го пренеле своето искуство и се мотивација за младите за нивната иднина.

Школата за лидерство и јавни политики Политеа, има за цел преку теорија и практикка учесниците да ги продлабочат своите знаења за ЕУ, маркетингот и интернет маркетингот, како и да стекнат вештини за јавно настапување и говорење, лобирање и проектно планирање.

Повикот за учество во школата за втората генерација ученици се планира да биде објавен на почетокот на октомври оваа година, а предавањата да започнат втората половина од истиот месец.

 

Неда Маретиќ