Доделени дипломите на студентите од ВМШ

0
722

Високата Медицинска Школа ги додели дипломите на својата дваесет и осма промоција на дипломирани студенти. На официјалниот настан својата диплома ја подигнаа 200 студенти.

– Станува збор за студенти кои се одлучиле студенти кај нас да добијат професионална квалификација, се надевам дека тие се задоволни и нивните очекувања во однос на едукацијата, во однос на она што треба да им го пружиме дека се исполнети, наша интенција и понатаму ќе биди колку што е можно повеќе да им пружиме на студентите максимално квалитетно образование, изјави проф.д-р Домника Рајчановска, директор на ВМШ-Битола


Дипломците се од петте студиски програми кои се стандардни во ВМШ.

Станува збор за медицинските програми, општа медицинска сестра, акушерка, физиотерапевт, медицинско лабараториски аналитичар и радиолошки технолог, изјави проф.д-р Домника Рајчановска, директор на ВМШ-Битола

Додека пак за идните студенти кои сакаат да студираат на ВМШ прф. Рајчановска најави дека од следната академска година ќе се воведе нова студиска програма санитарен инжењер која се користи низ европските земји и многу успешно фунционира повеќе години.