Александар Кожуваровски ќе патува за Шпанија

0
1425

Во прекрасниот модернистички амбиент на Kitchen Bar ARAZOK, беа доделени наградите од наградната игра во организација на Аражок, пред многубројнтие присутни.

Покрај ваучерите за храна и пијалоци во Аражок и ваучерите за облека во бутик Хепенинг, сите со нетрпение ја очекуваа главната награда, односно патувањето за двајца во Шпанија, со авионски превоз.

Среќниот добитник беше Александар Кожуваровски, кој после извлекувањето на наградата беше контактиран од организаторот на наградната игра и веднаш дојде во самиот ресторан.

Видно возбуден за добиената награда, во Аражок дојде со својата сопруга и ни истакнаа дека ова патување ќе им дојде како меден месец.

Во Аражок гостите може да уживаат во вкусна храна, професионална услуга и пристапни цени, грижливо направената селекција од интернационалната кујна, медитеранските специјалитети, риба и морска храна.

Посебно внимание во топлите денови привлекува и летната тераса, каде гостите можат да уживаат во прекрасно уредениот амбиент.

Со цел да го задржат епитетот –најдобри, успеваат до совршенство да ја усовршат експертизата за организирани настани .