Доделени наградите од фондацијата Такец

0
330

По повод 93 години од раѓањето на Димитар Димитровски – Такец, фондацијата Такец во Центарот за култура, ги додели наградите од конкурсот „Го љубам животот“ .

Беа доделени награди од повеќе области: за настан, проект,личност, медиум , креативност , за остварувања во музиката и уметноста. Гран –при и беше доделено на Сузана Турнџиева.

Авторите напишаа повеќе литературни дела – раскази, песни, есеи. Освен авторите на делата и граѓани на Битола, почитувачи на делото на Такецот, добија посебни признанија од фондацијата.
Фондацијата Такец беше промовирана на деветтиот ден од поменот за битолчанецот Димитар Димитровски Такец .

 

Без коментари

LEAVE A REPLY