Доделени наградите за фестивалот аматерски документарен филм

0
395

Со доделување на наградите за најдобри филмски аматерки остварувања во Битола заврши 24- от интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, . На фестивалот зедоа учество 43 три филма од 11 земји , а три филма од битолската школа беа наградени со највисоко признание. Гиманзијалецот Горан Попоски ја освои Златната Камера 300 за најдобар документарен филм за неговиот филм “АХ!”.

1_emiter_nagradeni-za-svoite-filmski

Правејќи резиме од сопственото видување членовите на стручното жиро констатира дека квалитетот на филмовите е на минатогодишното ниво.

Стефан Хаџи Антоновски член на фестивалскиот Совет во својот говор ги потенцира вредностите и придобивките на аматерскиот непрофесионален филм.

Фестивалот е во организација на Кино сојузот на Македонија, Кино видеоклубот “Студио Милтон Манаки”, Народна техника – Битола и со поддршка на локалната самоуправа а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градоначалникот на општина Битола

Без коментари

LEAVE A REPLY