Додевски од денес пелистерец, ќе пристигнат уште три засилувања

0
409

Пелистер доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Од Работнички како слободен фудбалер доаѓа 23 годишниот Нинослав Додевски.Тој покрај за дебармаалци настапуваше и за Металург и ќе биде засилување за дефанзивната линија на Зоран Штерјовски. Тој до крајот на преодниот рок очекува уште три нови имиња: голман, фудбалер за врска и напаѓач. Пелистер на 5 јули ќе го одигра првиот контролен меч со Младост Царев дворна стадионот во Новаци, а од 9 јули битолчани ќе минат 12 дневни подготовки во хотел „Галеб„ во Струга. Предвидени се четири пријателски натпревари во Струга и Охрид, а договорен е дуелот со Металург на 12 јули. По враќањето од главната фаза на подготовки, момците на Штерјовски ќе играат уште четири мечеви, од кои договорен е оној со Брегалница во Штип на 29 јули.