Доењето е незаменлив начин на исхрана!

0
1176

slika vangel 1

„ Мајчиното млеко е за бебето, кравското млеко е за телето. Протеините во мајчиното млеко се три пати помалку отколку во кравското млеко. Миниралите во мајчиното млеко се три пати помалку од минералите во кравското млеко. Сето тоа придонесува да биде општеретен дигестивниот и уринарниот тракт, бубрезите и желудникот, со што се оштетува здравјето на новороденчето. Последиците се гледаат покасно. Доењето е незаменлив начин на исхрана. Би ги советувал сите мајки колку можат повеќе да го дојат детето“, изјави д-р Вангел Тодоров за ТВ ТЕРА по повод светскиот ден на доењето.

slika vangel 2

Од интервјуто ќе слушнете за тоа колку е здраво мајчиното млеко? До кога мајката треба да го дои новороденчето? Што со оние мајки кои што свесно одбиваат да го дојат детето и како детето да се натера да почне да цица доколку ја одбива дојката?