Договор до полноќ за преодна Влада, или сите опции на маса

0
446

Полноќ е рокот до кога партиите потписнички на договорот од Пржино мора да се договорат за изборот на т.н. преодна влада,  во спротивно ќе се пробие рокот кој се смета за еден од столбовите на Пржинскиот договор.

Брисел и еврокомесарот Јоханес Хан ја ставаат препораката под прашање доколку се прекрши договореното и тоа им го посочил директно на лидерите синоќа. Власта и опзицијата пак најавуваат дека ако нема договор се е на маса.

Тврдат  дека шансите за да се договорат се мали, но велат сепак постојат. Од Бихаќка најавуваат дека доколку нема договор до полноќ, од утре сите опции се отворени и на маса за идното постапување на опзицијата. Од друга страна и од партијата на Груевски велат дека и за нив сите опции се отворени, доколку се случуи тоа,  но не скаат да конкретизираат на што мислат конкретно.

Тимот на Заев дециден,  законот за Влада и анкетната комсијата се итен приоритет, додека законите за бомби и за „дошепнувачи“  не се од агендатата на Пржинскиот договор и за нив дебатата може да продолжи и подоцна.

Според нив, токму тоа јасно им го ставил до знаење еврокомесарот Хан на Груевски и неговиот тим. Тие денеска одат на преговори за да се најде решение за преодната влада, во која, веќе од утре,  треба Заев да има министри за внатрешни работи и труд и социјала и заменици за финанасии, земјоделство, администација.