Договорена резолуција за нови санкции кон Северна Кореја

0
374

САД и Кина договорија нацрт-резолуција за заострување на санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации кон Северна Кореја поради најновите нуклеарни проби на Пјонгјанг, соопштија претставници на Светската организација, пренесе МИА.

Двајца анонимни дипломати нагласиле дека Пекинг и Вашинтон постигнале договор за нацрт-резолуцијата, за која може да се гласа следните неколку денови во 15-члениот Совет за безбедност.

Како што јави Јонхап, Кина и САД, кои имаат право на вето во Советот за бебзедност на ОН, последните седум недели преговараат за нацрт резолуцијата, откако Северна Кореја на 6 јануари ја изврши последната нуклеарна проба.

– Тоа е конкретен, долг нацрт, за кој се надевам дека ќе биде усвоен следните денови, изјави еден од дипломатите.

Без коментари

LEAVE A REPLY