Договорот од Пржино не е мртов, но утре ќе стигне до точка од која нема враќање

0
700

„САД и ЕУ сметаат дека договорот од Пржино сè уште е валиден и ние работиме да им помогнеме на партиите да ги спроведат неговите цели. Ќе беше подобро лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да дојдеше на средбата, но ние викендов имавме контакти со партиските претставници“, рече американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, во вечерашново интервју за Телма.

„Мислам дека сега клучниот елемент е да се одлучи дали изборите да се одржат на 24 април или да се размисли за нов датум. Ние јасно го кажавме нашиот став, но одлуката за тоа треба да ја донесат партиските лидери“, рече амбасадорот.

Запрашан што би се случило ако изборите не бидат проценети како веродостојни и ако на нив не учествуваат сите политички партии, амбасадорот рече дека не би проценувал нешта што се немаат случено.

„Ние гледаме одредени ризици ако тие избори бидат одржани на 24 април и сметаме дека најпаметно би било да се разгледа можноста за одложување“, рече Бејли.

Без коментари

LEAVE A REPLY