Дојава за опасност на аеродромот во Женева

0
228

Женевската полиција покрена денеска серија мерки за контрола на подрачјето околу аеродромот во градот, откако добила информации за можна закана.

Полицијата на Фејсбук објави дека во тек се превентивни безбедносни мерки на подрачјето околу аеродромот, кои ќе се применуваат на неодредено време.

Во соопштението се наведува дека полицијата ги проверува информациите од Франција, по што ја зајакна контрола околу аеродромот.

Раководството на женевскиот аеродром наведува дека мерки се преземени откако добиле анонимен повик за опасност, но не изнесоа повеќе детали за случајот.