Дојавата за бомба во „Ер Србија“ била лажна

0
545

Дојавата за бомба во зградата на компанијата „Ер Србија“ во населбата Белвил во Нов Белград, била лажна, бидејќи полицијата не пронашла експлозивна направа, според српските медиуми.

Повеќе од 1.000 вработени во „Ер Србија“, се вратиле на работа околу 13 часот,  три часа откако зградата беше евакуирана по дојавата за поставена бомба.

Повеќечасовната драма била завршена откако надлежните служби одвезле еден автомобил од паркингот на српската авиокомпанија. Под возилото не бил пронајден сомнителен пакет, кој бил пријавен претходно.

Без коментари

LEAVE A REPLY