Дојранчани гласаа против рудник на нивна територија

0
544

На референдумот за или против отворање на рудник на нивна територија, граѓаните на Дојран вчера одговорија „не“ за рудникот Казандол и за најавеното отварање на нови рудници.

Општинската изборна комисија  ги соопшти резултатите од референдумот: излезност 51,22 % или 1.407 од 2.747 регистрирани гласачи. На референдумот излегоа доволен број на гласачи за да биде успешен (цензусот е 50%+1).

Против продолжување на изградбата на рудникот Казандол гласале 1.336 жители (94,95%), а само 51 гласач биле за рудникот (3,62%).

Против отворање на нови рудници на територијата општината (второто прашањеод референдумот) биле 1.340 гласачи.

Референдумот беше распишан на барање на граѓаните. На територијата на општината дадена е концесија за експлоатација за потенцијалното отворање на рудник Башибоз на планината Беласица.

Досега успешни референдуми против отворање рудници се одржаа во Гевгелија и во Богданци, а за 20 август е закажан и референдум во Валандово, на ллија територија веќе се гради рудникот Казандол.

Во најава се референдуми и во општините Босилово и Ново Село.

www.mkd.mk

Без коментари