Доколку биде присилена на избор, Србија ќе ја избере ЕУ, не Русија

0
592

Доколку Србија биде присилена да избира меѓу поблиски врски со Русија и членството во Европската унија, таа ќе се одлучи за второто, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во интервју за американската агенција Блумберг.

Таа кажа дека како премиерка ќе го продолжи патот што го почна нејзиниот претходник, сега претседател на Србија, Александар Вучиќ, да ја подготви земјата за членство во ЕУ до 2020 година, кога и завршува мандатот.