Доколку тргнат кон Хрватска, бегалците ги чекаат мински полиња

0
1170

Одлуката на унгарските власти да ја затворат границата со Србија би можела да натера групи бегалци да тргнат кон Хрватска, а на тој пат им се закануваат, ни помалку ни повеќе, мински полиња, пишува хрватски Дневник.

Токму поради тоа, хрватските медиуми пренесуваат дека полицијата нема да ги пропушта во групи, како што тоа беше случај во некои други земји.

Според хрватски Дневник, бегалците што ќе пристигнат во Хрватска ќе бидат евидентирани, прегледани, а потоа сместени во објекти од полуотворен тип, под контрола на полицијата.

Хрватските власти претходно изјавија дека можат да примат 3.000 бегалци.