Документарен филм за Владо Цветановски во Битолскиот театар

0
220

Во рамките на битолскoто културно лето, беше прикажан документарниот филм Животиште- портрет за Владо Цветановски, но заради големата заинтересираност на битолчани, битолскиот театар го прикажува и овој петок на 23-ти октомви .

Директорот на театарот Валентин Светозарев,на денешната прес конференција зборуваше и за значењето на Цветановски за битолскиот театар во кој постави 12 претстави.
Режисер на документарниот филм е синот на Владо, Андреј Цветановски.
Еден од главните соработници на Цветановски е уметничкиот директор на битолскиот театар Благој Мицевски, на кој најголемиот број на добиени награди за костимографија, биле токму за претставите работени заедно со Владо.
Освен по бројните претстави, Цветановски ќе остане запаметен и по филмот Тајната книга, работен по сценарио на тројцата браќа кои својот живот го посветуваат на театарот и филмот, покрај Владо Цветановски тука се и Љубе Цветановски и Јордан Плевнеш.

Документарецот се занимава со претставите на Цветановски поставени во битолскот театар. Влезот е бесплатен а почетокот е од 20 часот во народниот театар Битола.