Документарецот Животиште презентиран во Битола

0
346

Последните претстави на кои Цветановски работеше се „Животот е сон“ и „Архелаос“ (или „Еврипид се враќа на Балканот“).

Неговите претстави, и од македонските и од светските театролози, најчесто биле вреднувани како богати визуелни глетки, структурирани по принципот на филмскиот јазик.
Битолскиот новинар и театарски критичар Зоран Пејковски, ја напиша книгата Театарот е фабрика на соништа, посветена на творештвото на Цветановски а во Франција во негова чест, беше прикажан филмот подготвен од ЕСРА. и ФДУ., за назначајните претстави на Цветановски а во театрите низ земјава, беа изведени претставите кои тој ги режираше на тие сцени.

Музиката за документарецот ја подготви Димитар Андоновски, монтажата е на Сергеј Светозарев а директор на фотографија Димитар Колонџовски.
Насловот на документарниот филм Животиште, бил избран според најчестата изрека на режисерот Цветановски, кој почина пред 3 години на 23 -ти октомври .
Освен по бројните претстави, Цветановски ќе остане запаметен и по филмот Тајната книга, работен по сценарио на тројцата браќа кои својот живот го посветуваат на театарот и филмот, покрај Владо Цветановски тука се и Љубе Цветановски и Јордан Плевнеш.

Без коментари

LEAVE A REPLY