Документите се укредени преку хакирање од сервер од Европа

0
311

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма “Мосак Фонсека”,  која се најде во центарот на скандалот “Панамски документи” вели дека неговата фирма е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на светските лидери и познати личности кои биле нивни клиенти.

Тој изјавил дека веќе поднел тужба до јавното обвинителство на Панама, потенцирајќи дека никој во медиумските известувања не го споменува хакирањето на нивните компјутери, што е кривично дело.

“Не ни е јасно. Светот изгледа прифатил дека приватноста веќе не е едно од човековите права”, изјвил Фонсека за Асошиејтед Прес, осврнувајќи се на фактот што медиумските извештаи се фокусираат само на познатите личности кои имале основано офштор фирма.