Долга дискусија за ребалансот на буџетот

0
739

Основниот буџет на Општина Битола со ребалансот кој денес беше точка на дневен ред во Советот, се намалува за 237 милиони денари или приближно за помалку од 4 милиони евра.

-Програмата за изградба и осветлување во АРМ е намалена со 4 милиони 459 илјади денари. Втората фаза про изградбата на киното Манаки доцни со отпочнување бидејќи Советот за јавни набавки не даде навреме согласност по доставената спецификација и ја одложи изведбата. Програмата за спорт и рекреација, за стадионот под Тумбе кафе е намалена за 18 милиони 856 илјади денари, рече Благица Талевска, одделение за финансии.blagica

Од владејачкото мнозинство ги објаснуваат причините за ребалансот, додека опозицијата критикуваше.

-Треба да се знае дека и тука кај нас во општина важи народната „Домашниот есап на пазар не излегува“. Ребалансот не е ништо страшно, рече Елена Трајчевска, советник од ВМРО ДПМНЕ.elena

-Очајна е состојбата со парите во Општина Битола. Зачудува леснотијата со која претставницте на власта зборуваат дека не е страшно, овде нема пари, рече Валентин Груевски, советник од ЛДП.valentin

Карапашовска вели дека буџетот за 2015 година без кредитот беше за 100 милиони денари поголем од лани и затоа процентот на корекција бил повисок.

-Динамиката за распишување на меѓународниот тендер дава за право кредитот да се изземе со овој ребаланс и тоа е причина за намалување на одредени приходни ставки и развојни програми кои директно се поврзани со него. Динамиката во АРМ 1 и 2, се што беше обврска на општината е завршена. Буџетот ја задржува развојната компонента, вели Соња Карапашовска, советник од ВМРО ДПМНЕ.sonja

Опозицијата пак го окарактеризира како нереален и неостварлив.

-Изградбата на инфраструктурните објекти во касарната е во застој, ненаменски се трошени. Инвеститорите во касарната треба да го добијат она што го уплатиле, рече Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.zoran

-Битола пред неколку месеци на барање од Талески, а со гласовите во Советот од ВМРО ДПМНЕ беше задолжена со 2,5 милиони евра, земен беше кредит кој беше предвиден во буџетот за 2015. Сега со ребалансот тој кредит го нема, се повлекува. Овде се поставува прашањето, дали повлекувањето на предлогот има врска со истрагата што е поведена од обвинителството, рече Александар Касапов, советник од ЛДП.kasapov

Расправата во советот за ребалансот на буџетот траеше до попладнето.

Точката беше изгласана со 16 гласови „за“ и 11 „против“.