Долго и топло лето

0
1120

Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на потопла воздушна маса која што ќе услови пораст на температурите. Во среда по свежото утро, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло со максимални температури од 22 до 34 степени. Во четврток сончево и топло со температури од 24 до 36 степени. Во петок и сабота сончево и потопло со осетен пораст на максималните температури кои во петок ќе достигнат до 26 односно до 38 степени, а во сабота од 29 до 39 степени.
На последниот ден од овој месец ќе имаме температура до 33 степени. На први Август дури до 37 степени, а следните шест дена околу 33 степени. Такви температури до средината на август, потоа неколку дена нестабилно но топло време. До крајот на август сончево  и температура до 30 степени.

И во првите денови од септември ќе имаме топло време со дневни до 30 степени, средината на септември мало заладување до 24 степени, а потоа до крајот на месецот сончево со дневна до 27 степени.