Долгорочните мерки се подобри од краткорочните за загадувањето

0
883

Градоначалниците на Тетово, Кичево, Битола, Кавадарци и Скопје вчера одржаа состанок со министерот за животна средина во врска со загадувањето на воздухот, односно појавата на епизодите со високи концентрации на ПМ10 честичките и активностите кои треба да се преземат од надлежните. Градоначалникот вели дека сите сознанија укажувале дека предизвикувачите се греењето, сообраќајот, индустријата, но и климатските промени.

-Во ноември, декември и јануари се јавуваат епизоди на криза на загадувањето од ПМ10. Ние имаме избрано фирма која во летото изврши мерење, а наредното мерење е во јануари, вели д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski vozduh]

Талески вели дека долгорочните мерки се подобри решенија.

-Според искуствата на многу градови кои го решаваат овој проблем, краткорочните интервенции не помагаат многу за решавање на проблемот, вели Талески.

Но и потребно е да се среди системот со задолжителните филтри во индустријата.

За мерките кои ги предлагаат од Здружението „За нас се работи“ за преземање мерки од страна на општината, Талески вели.

-Здружението има своја агенда, јас сум должен да ја бркам својата работа, министерот неговата, здружението нивната. Ние планираме идниот период да набавиме хемиска материја и со неа да ги прскаме улиците. Но од искуство на оние кои го имаат направено тоа, нема голем ефект, вели Талески.

Според него, нешто што со сигурност ќе го реши проблемот е топлификацијата на Битола, за што најави поконкретни активности во 2016 година.