ДОМ повикува на бојкот од административците за издавање на еврообврзницата

0
364

ДОМ ги повикува сите функционери и административни службеници инволвирани во постапката за издавање на новата еврообврзница да не ги извршуваат работните задачи поврзани со оваа постапка.

Службениците имаат право да се повикаат на Член 5 од Кодексот за административни службеници во кој стои дека „административниот службеник… никогаш не работи на начин за кој знае или се сомнева дека е незаконски, непрописен или неморален. Тој не подлегнува на притисоците за извршување на противуставни и незаконски работни задачи од претпоставените.”

Дефицитот во буџетот, според партијата, треба да се покрие со одземање на, како што велат, криминално стекнатиот и изнесен од земјата капитал во износ преку 5 милијарди евра, а не со понатамошно осиромашување на веќе сиромашните граѓани.

„Затоа неопходно е да се овозможи непречено функционирање на СЈО и формирање на специјално одделение при Кривичниот суд, со што би се овозможило овие средства да се вратат во буџетот на Македонија“, се додава во соопштението на ДОМ.