ДОМ во обиколка на општинските организации

0
507

Делегација од ДОМ со претседателката Лилјана Поповска и пратеничката Маја Морачанин ги посети Битола и Прилеп за подготовка за локалните избори. Со општинските организации разговараа за политичката ситуација и за локалните приоритети на ДОМ.

– Дом е во обиколка на Општинските организации за договор за настап на локалните избори и за евидентирање на актуелните еколошки и други проблеми, неизбежност е да има локални избори затоа сакаме да бидеме подготвени како што на јавноста им е познато, ДОМ уште од 2014 год. на својот конгрес донесе конгресна одлука за самоостоен настап со своите советнички листи и затоа сега сме во консултација со нашите членови од општинските организации, изјави Лилјана Поповска, претседател на ДОМ.

Делегацијата се запозна и со работата на здружението на пчелари од потпелистерското Дихово, кои се борат за зачувување и зајакнување на автохтоната пчела, во заштита на биодиверзитетот.

– Ние се залагаме за да имаме здрава животна средина затоа што ние тоа право го имаме, не само ние него и граѓаните на Битола, познати ни се општите причинители за загадување на животната средина во Битола, тука делува многу невладиниот сектор на кој што му даваме потполна подршка а исто така земаме учество и ние и сметаме дека со нашите залагања ќе треба да се намалат проблемите во врска со загадувањето во Битола, изјави, Ристенка Алтипармаковска, председател на ОО ДОМ Битола

– Каде што има пет врвни приоритети еден е поврзан за пакетот за урбанизам за Големите градови каде што покрај Скопје спаѓа и Битола, така да имаме цел пакет на реформи во законите кои што треба да се спроведат за да би можело урбаното живеење во градовите да биде хумано и квалитетно исто така вториот пакет е врзан со законите за животна средина а за нас многу важен аспект за здраво живеење, мора да обезбедиме квалитетен и чист воздух а за тоа е потребна промена на законската регулатива но исто така и промени кои што се однесуваат на локално ниво на живеење на градовите и другите средини изјави, Маја Морачанин Пратеник од ДОМ