Домашаната задача предуслов за самостојна работа

0
510

Почетокот на училиште, значи многу работи во животот на едно дете. Покрај осамостојувањето, стекнувањето основни навики, за хигиена и однесување, значи и градење на самата личност кај детето. Иако можеби во времето на стариот образовен систем, домашните задачи беа училишно секојдневие, денеска истите се малку поинакви и на поинаков начин се задаваат кај учениците. Според педагозите, домашната задача претставува столб на воспитно образовниот процес и општите воспитно образовни цели.

milica

Милица Роџевска педагог смета дека задавањето на домашната задача на Фејсбук или имјл адреса не е соодветен начин.

Целта на домашната зарача, потенцира Роџевска е ученикот сам да дојде до решенија, сам да искреира, со свои примери да го објасни она што го научил на часот.

Не треба само да меморизира треба да биде сконцентирран, додава Роџевска истакнувајќи дека така се работело по стариот систем.

Роџевска појасни и зошто наставниците не треба домашните да ги задаваат на Фејсбук.

Домашната задача на крајот од работниот ден треба да се дискутриа да му се дадат техники и методи на ученикот како тој да ја реши сам, а не некој од повозрасните место него да ја напише.

Вели кога задачата е потешка децата се поконцентрирани, а со полесните задачи прават грешки бидејќи не посветуваат големо внимание, а преку соработката со наставникот децата учат дека треба да се упорни, да не се откажуваат на првата пречка со што се стекнуваат со чуство на успех, поголем мотив и волја за самостојна работа.

Без коментари

LEAVE A REPLY