Домашен притвор за Сокол Митревски

0
392

Сокол Митревски, екс градоначалник на Ѓорче Петров оди во домашен притвор, а за  шест лица судот наложи одземање на патните исправи.

Ова е епилогот од приведувањето на Митревски и други вработени во општината кои се сомничат  дека преку незаконска приватизација на општинско земиште го оштетиле буџетот за над 4 милиони денари.

Истрага е покрената за вкупно девет луѓе.