Домашно сонце, пристапни цени, забава за сите

0
6469

Ако сакате да избегате од жешкиот асфалт и од гужвите низ градот рајска убавина ви нуди плажата на летувалиштето на  Автокампот Крани. Иако малечка со капацитет од 200 лежалки, но така скоцкана да го почувствувате синото Преспанско Езеро, природата, мирот. Го пиете вашето кафе или пијалок нарачано од плажниот бар, го слушате џагорот на децата во водата кои пливаат и туристите кои пристигнуват од сите делови на Македонија, и си велите, да , веќе е вратен сјајот и животот на Преспанското Езеро .Дека е така потврдија и туристите

krani 1

-Прекрсно е тука, водата е топла, плажата е убава и почнав да доаѓам секоја година, вели турист

krani 2

-Добро е ! Не сум бил многу години, ама сега гледам дека е добро , има добра плажа, водата е топла и најважно климата ми се допаѓа, вели турист

krani 3

Некогаш Автокампот Крани важеше за еден од најубавите кампови во Македонија, но подоцна беше на работ на затворање за туристи, а сега веќе трета година по ред откако го работи угостителскиот бренд „Капри“ стана повторно туристичка атракција. Ако пред 2012 година структурата на гостите беше само пензионери, сега во овие две години доаѓаат фамилии со деца и млади, вели сопственикот на летувалиштето и додава дека приоритет за летово им е привлекување на младата популација

krani 5
-Летувалиштето и Автокампот спрема нов момент кој што е во делот на ноќниот живот. Ноќниот живот оваа година го почнуваме со нов бренд а тоа е „Капри Оаза“ кој што сметаме дека на овај терен ќе даде новитет на забавната програма , со популарни имиња на диџеи и групи, сакаме да ја вратиме ноќната приказна на овие простори. Планираме ноќен клуб во кој што ќе можат да уживаат младите со добра забава, а на плажата, летна дневна шема со познати диџеи, секој викенд, изјави Никола Трпеновски сопственик на летувалиштето и Автокампот Крани

krani 6
Ваквиот рај на брегот на Преспанското Езеро е достапен за сите граѓани пред се поради поволните цени, додава Трпеновски

krani 7
-Со изнајмувањето на лежалка која чини 100 денари добивате и пијалок во вредност од 50 денари, вакви цени се ретки во туристичките места, лежалката ги чини туристите само 50 денери, изјави Никола Трпеновски сопственик

krani 8
Автокампот Крани располага и со туристички смештај во бунгалови, ресторанска сала за организаирање на свечености за 400 гости, тераса  со 160 седишта во однос на ресторанско послужување, спортски терени, како терен за одбојка на песок, тврди терени за кошарка, ракомет и мал фудбал, кои како што вели Трпеновски, се погодни за подготовка за натпревари на млади деца, групи и јуниори. Свеченото пуштање на сезоната 2016 тата ќе биде на 1 јули

-На 1 јули планираме да направиме свечено отворање на сезоната, ќе настапи групата Куку Леле, изјави Никола Трпеновски сопственик
Ако не сте ги направиле плановите за летовање нека ваша следна дестинација каде ќе ги полните батериите летово биде токму летувалиштето Крани.