Домот за стари лица „Сју Рајдер“ ги доби просториите на трајно користење

0
278

Со одлуката која на последната седница на Општина Битола беше изгласана, на Домот за Стари лица „Сју Рајдер” им беа дадени недвижни ствари, сопственост на Општина Битола, на трајно користење без надоместок. Одлуката беше по барање и иницијатива на Старскиот дом. Всушност се работи за самиот објект кој досега беше во сопственост на Општина Битола.

– Со оваа одлука се лоцира одговорноста на установата и се овозможува соодветна грижа за објектот, односно преземање на акции за осигурување, дератизација, дезинфекција, противпожарно осигурување и други активности кои досега не беа формално прецизирани, рече Марица Тодоровска, директорка на „Сју Рајдер”.
Станува збор за простории со површина од 248, 387 и 497 метри квадратни и една помошна просторија од 88 метри квадратни, сите улица Илинденска бр. 156.

Без коментари

LEAVE A REPLY