Доналд Трамп бара ново гласање во Ајова по „измамата на Круз“

0
440
NEW YORK, NY - MARCH 09: Donald Trump and Melania Knauss-Trump attend the Comedy Central Roast Of Donald Trump at the Hammerstein Ballroom on March 9, 2011 in New York City. (Photo by Andrew H. Walker/Getty Images) Original Filename: GYI0063876060.jpg

Претендентот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД Доналд Трамп побара ново гласање во Ајова, откако го обвини противкандидатот Тед Круз за „измама“.

Трамп обвинува дека дошло до тешка повреда на правилата при партиското гласање во оваа сојузна држава на САД, затоа што за време на гласањето, луѓе од изборниот штаб на Круз делеле памфлети во кои им се сугерирало на гласачите дека третиот кандидат Бен Карсон ќе се повлече од трката за номинација.

Таквото тврдење се покажа подоцна дека не е точно, откако со остар демант реагираше изборниот штаб на Карсон.

Луѓето околу Круз му се извинија на Карсон, бранејќи се дека настанало „недоразбирање“, но Трамп кој остана втор на првото партиско гласање, за годинешниве претседателски избори, зад победникот Тед Круз, тврди дека сенаторот од Тексас не победил во Ајова.

Без коментари

LEAVE A REPLY