Доналд Туск утре во Скопје на средба со Иванов

0
315

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, утре доаѓа во Македонија на средба со претседателот Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

Иванов, според неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот. Средбата, според најавите што ги пренесува НоваТВ, ќе биде очи в очи, без присуство на советници.

Ова е трета посета за две години на Туск на Македонија. На последната средба лани во март Туск и Иванов дискутираа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза.

mkd.mk