Доналд Туск во Македонија

0
449

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, во рамките на неговата турнеја по балканските земји погодени од мигрантската, денеска ќе престојува во Македонија. За попладне е најавено тој да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Во Македонија денеска, како што најави МИА, ќе престојуваат и премиерот на Словачка Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак. Тие заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“.

Без коментари

LEAVE A REPLY